Скопје на глобалната мапа: Климатон 2024 – Заедно кон позелен град!

Skopje-800x458.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 25 и 26 октомври во организација на Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје , стартапи, иноватори, ентузијасти, студенти и активисти ќе се натпреваруваат за најдоброто решение за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје.

Climathon е глобална иницијатива на EIT Climate-KIC, водечка европска агенција и заедница за климатски иновации, која обединува 60-тина градови кои бараат решение за клучните климатски предизвици ширум светот. Се организира од 2015 година, а досега се вклучени околу 600 организатори и одржани 1.000 настани со над 30.000 учесници.


„Уникатна е приказната за едно вакво глобално движење кое го обединува светот во заедничка цел и воедно овозможува видливост за локалните решенија, размена на искуства и експертиза. CEED Hub Skopje е првата организација во нашата земја која организира климатони под оваа франшиза кога за прв пат во 2023 беше претставен предизвикот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Настанот вообичаено се случува во ист период во многу светски градови, на пример оваа година Скопје ќе има Климатон во ист ден со Торонто“, вели Елена Хаџи Пецова од CEED Hub Skopje.

CEED Hub Skopje ги поканува сите заинтересирани да се пријават и да учествуваат на климатонот, без разлика дали се веќе формирани тимови или поединци со иновативни идеи на кои ќе им биде доделен тим. Краен рок за пријавување е 15 октомври, а ќе бидат избрани најмногу 10 тимови. Наградниот фонд за победничкиот тим е 6.000 евра, обезбеден од Шпаркасе Банка.

Пријавувањето е на следниот линк.

Настанот е структуриран како интензивен дводневен хакатон каде тимовите на учесници ќе работат на развивање решенија за еколошки предизвици специфични за Скопје, како загадување на воздухот, енергетска ефикасност, управување со отпадот и сл. Стручни ментори ќе ги водат тимовите во текот на настанот, а учесниците ќе ги претстават своите идеи пред комисија.

Ова иницијатива е организирана во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од американската непрофитна организација Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC), во партнерство со Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје и Младински образовен форум.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK