Безос, еден од најбогатите луѓе во светот открива како го започнува денот: Не сум толку продуктивен како што мислите

8f6f7e96-6cfa-4d19-9955-e5954aaa4292.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џеф Безос, основачот на „Aмазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, откри кој утрински ритуал секогаш го следи, а кој му помага да постигне успешен ден.


Безос, чие богатство се проценува на 204 милијарди долари, беше гостин во подкастот на Лекс Фридман во декември 2023 година, каде размислуваше за неговата продуктивност и начинот на размислување што го доведе до успех.

Милијардерот објасни дека секое утро одвојува малку време да се опушти пред да започне со своите обврски. Тој објасни дека откако станува од кревет, прво пие кафе и многу споро се придвижува.

„Не сум толку продуктивен како што мислите. Читам на мојот телефон некое време, го читам весникот некое време, разговарам со Лорен, го пијам првото кафе. Се движам прилично бавно во првите неколку часа“, објасни тој.

Безос објасни дека рано си легнува и рано станува, додавајќи дека му требаат осум часа сон за да биде попродуктивен. Инаку, неговата свршеница Лорен Санчез во интервју за магазинот People откри дека омилен дел од денот и е утрото што го поминува со Безос и дека времето го поминуваат во разговор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK