ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

ме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за хортикултурно уредување.


Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари.

Првата активност на новиот директор, братучед на џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе.

Ова е целосно недомаќинско работење на компанија чија главна задача и е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 Евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија.

Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќаат цвеќиња- калемени рози по 9.000 ден парче“, велат од ДУИ.

Ги повикуваат институциите да постапат веднаш а тие како што напоменуваат ќе ги следат на дневна основа „сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење“ и најавија дека ќе ги известат надлежните институции за сите злоупотреби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK