Леонардо Бонучи по завршувањето на минатата сезона реши да стави крај на професионалната кариера. Легендата на Јувентус во пензија замина како играч на Фенербахче.
Најдобрите денови во кариерата Бонучи ги мина во Јувентус, гно свежи се сеќавањата кога реши да го напушти клубот и да се пресели во Милан.
Бонучи во интервју за „Скај Спорт“, се потсети на тој период од кариерата.
„заминав во Милан поради кавгата што ја имав со Масимилијано Алегри. Се создаде чудна атмосфера помеѓу мене, тренерот, клубот… Немаше повеќе ’проток на енергија’. Единствениот што можеше да го реши тоа бев јас. Клубот е тој што одлучува, Алегри доби нов договор по финалето во Лигата на шампионите и сите се договоривме дека треба да се разделиме. Можев да останам, но ќе беше многу тешко да ги вратам работите какви што беа претходно. Сакав да останам блиску до дома поради мојот син и проблемите со срцето што ги имаше. Не ми се допадна идејата да заминам во странство бидејќи тоа е секогаш ризик. Го избрав Милан затоа што тие во тоа време започнуваа нов циклус. Мирабели и Фасоне донесоа многу засилувања, мислам 12“.
Познато е дека тој со години беше голема желба на Пеп Гвардиола, најпрвин во Баерн, потоа и во Сити.
„Ми канеше две години по ред: 2016 и 2017 кога отидов во Милан. Очигледно во 2016 година не размислував да ја прифатам понудата, бидејќи немаше шанси Јуве да ме стави на продажба. И јас бев среќен. Но, во 2017 година ми се јавија Мирабели и Монтела и ми кажаа дека ќе бидам водач и капитен на новиот проект. Не сакав да ја напуштам Италија. Кога му дадов збор на Милан, имаше покани од Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Но, јас сум таков човек и мојот збор е важен. Нивните понуди беа подобри од понудата на Милан, но јаз го дадов зборот…“
Епизодата во Милано заврши неславно.
„На крајот на сезоната, кога се се распадна, ми рекоа: „Веќе нема место за тебе овде“. Тогаш решив да се вратам во Јувентус. Со текот на времето, повторно се зближивме и работите функционираа подобро од порано“.
Во интевјуто Бонучуи, кој во кариерата играл против Меси и Роналдо, кој играч му правел најмногу проблеми.
„Искрено, играч поради кого не спев ноќ пред натпреварот е Дуван Запата. Силен, моќен, подвижен“.