Лејла Залихиќ, жителка на Бутуровиќ поле, е една од оние кои ги преживеаја драматичните поплави во Босна и Херцеговина. Приказната за борбата за нејзиниот и животот на нејзината ќерка Асја ја замрзнува крвта во вените, пренесува„Ал Џезира“.
Луѓето се спасуваа како што се снаоѓаа. Некој беше качен на покривот на куќата, некој на куполата на џамијата. За тоа најдобро сведочат приказните на самите локални жители, кои не можат да се споредат ниту со најстрашните сценарија на холивудските филмови кога се во прашање природните катастрофи, анализира медиумот.
Borba majke i trinaestogodišnje kćerke u Buturović Polju je herojska. Majka i 13-godišnja kćerka govore o svojoj borbi za život.. pic.twitter.com/aBpfkgZQ1H
— Al Jazeera Balkans (@AJBalkans) October 6, 2024
Според написите, Лејла Залихиќ е мајка херој која скокнала од третиот кат од својата куќа, испливала три километри во пороите и ја спасила својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави кои го зафатија Бутуровиќ поле.
Лејла, нејзината ќерка, сопругот и свекрвата ноќта на катастрофалните поплави завршиле во поплавата, а нивната куќа била уништена.
По страшниот настан Лејла и нејзината ќерка раскажале што им се случило.
„Мене ме однесе водата. Се вртев во круг и така земав во воздух“, се присетува Лејла.
„Слушнав како некој вика, викаше за помош и го викаше моето име. Мислев – нема кој друг да биде, освен мајка ми или баба ми“, раскажува ќерката на Лејла, Асја, а Лејла додава:
„Јас велам: „Асја, ти си тоа? Таа вели: „Јас сум“. Потоа добив сила, се нурнав меѓу дрвјата. Ме удри во глава, но некако стигнав до неа, цела беше помодрена од студот“.
Ќерката на Лејла Асја се присетува како успеала да остане на површината.
„Ставив малку дрва под мене за да не морам да пливам, туку да се одржувам на површината на водата. Во меѓувреме се раздени, па можев да глЕДАМ. Потоа поминавме низ шумата. Дождот удри уште посилно, беше студено, па беше страшно“, опишува таа.