Винисиус поради повреда нема да игра за Бразил

Untitled-1-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Реал Винисиус Жуниор поради повреда ќе го пропушти натпреварите на репрезентацијата на Бразил против Чиле и Перу во квалификациите за СП 2026 година, пренесуваат шпанските медиуми.


Винисиус се повреди во саботата навечер на натпреварот од деветтото коло, меѓу Реал и Виљареал (2:0). Тој го постигна вториот гол за Реал во 73. минута, но шест минути подоцна беше заменет поради болки во вратот.

Реал на својата официјална веб-страница објави дека Винисиус заработил повреда на вратот на натпреварот против Виљареал и соопшти дека подоцна ќе биде објавено колку долго ќе треба да паузира бразилскиот фудбалер.

Шпанските медиуми пишуваат дека Винисиус нема да игра за Бразил на натпреварите против Чиле (11 октомври) и Перу (16 октомври), но треба да биде подготвен за натпреварот од 10. коло на Ла Лига меѓу Селта и Реал, кој е закажан за 19. октомври.

Бразилскиот фудбалер оваа сезона одигра 12 натпревари за Реал и постигна четири гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK