Фицо: Се додека сум на власт ќе се трудам да го блокирам членството на Украина во НАТО

3-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе се обиде да го блокира членството на Украина во НАТО се додека е на власт.


„Се додека сум на чело на словачката влада, ќе им наложам на пратениците кои се под моја контрола како претседател никогаш да не се согласат Украина да влезе во НАТО“, рече Фицо, пренесува Политико.

Фицо претходно изјави дека мисли дека следната година ќе отпатува за Москва за да присуствува на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Дополнително, тој посочи дека, доколку војната во Украина заврши за време на неговиот мандат, има намера да направи се за да ги врати стандардните и економските врски со Русија, нагласувајќи дека „на Европската унија и треба Русија, а на Русија и е потребна на Европската унија“.

Заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фицо постојано укажуваше на потребата од прекин на огнот во Украина и почеток на мировни преговори со кои ќе се стави крај на војната.

Орбан ги посети Киев и Москва оваа година и исто така го опиша своето патување како „мировна мисија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK