Фудбалерите на Џирона го совладаа Атлетик Билбао со 2:1 во натпреварот од деветтото коло на шпанската Примера за кој долго ќе се зборува. Вистинско шоу имаше голманот на Џирона, Паоло Газанига.
Аргентинецот направи историскиот подвиг, на гостите им одбрани три пенали, од кои два регуларно. Неверојатната партија на Газанига, македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски ја гледаше од клупата за резерви.
Шоуто на Газанига започна во 28. минута кога Аргентинецот лесно го сопре ударот од белата точка на Алекс Беренгер.
Lo de que Gazzaniga lleve 3 penaltis parados hoy contra el Athletic qué coño es. Sonríe el Fantasy de mucha gente.
— Cᴀꜱᴛɪʟʟᴏ (@Castillo__Rm) October 6, 2024
Десет минути подоцна стигна наградата за неговата интервенција, бидејќи колумбискиот играч за врска Јасер Асприља ги доведе домаќините во водство. Само две минути подоцна гостите од Баскија израмнија со голот на Оихан Сансет.
Во вториот дел Атлетик имаше две шанси да ги земе сите три бода.
Во 56. минута кога во шеснаесетникот на Џирона беше соборен Игнњаки Вилијамс, а гостите добија уште еден пенал. Токму Вилијамс ја зеде топката во свои раце, а Газанига ја прочита неговата намера и го одбрани пеналот.
Сепак, по проверката на ВАР, беше утврдено дека „гаучосои“ при изведувањето на ударот бил надвор од гол-линијата со двете нозе, па Билбао доби шанса за поправен. Андер Ерера ја презеде одговорноста, а Газанига рутински го одбрани неговиот обид
Tottenham’ın eski kalecisi Paulo Gazzaniga, Girona – Athletic Bilbao maçında üç penaltı vuruşunu kurtarmayı başardı:
❌ Alex Berenguer
❌ Ander Herrera
❌ Inaki Williams— EPL Günlükleri (@EPL_Gunlukleri) October 6, 2024
Длабоко во судиското надополнување, Џирона доби пенал кој во гол го претвори ветеранот Кристијан Стуани.