Почитувањето на сообраќајните правила и прописи денес е на неверојатно ниско ниво. Тоа се однесува на сите учесници во сообраќајот од пешаци, велосипедисти до возачи на теретни возила.
Се вози брзо, не се почитуваат семафори, пешаците и велосипедистите се однесуваат како сакаат… А жртви има секој ден. Многу повредени, но и загинати. Од сите возрасти.
Меѓу народот владее мислењето дека во минатото се возело подобро, покултурно и се почитувале сообраќајните правила. Но тоа не е точно. Единствената разлика е брзината на возилата.
Ова е архивска снимка од 1978 година, токму на тема сообраќај. Погледнете ја и ќе видите дека не сме напреднале воопшто: