Поранешниот американски претседател Барак Обама води кампања во клучните држави следната недела за поддршка на Камала Харис, демократската претседателска кандидатка, почнувајќи со митинг во Питсбург.
Обама стана неформален советник на Харис откако претседателот Џо Бајден се откажа од трката.
Поранешниот претседател ќе ги посети клучните, т.н swing states во последниот месец од кампањата, изјави денеска помошник на потпретседателот Харис.
Обама останува популарен меѓу демократските гласачи и би можел да помогне да се придобијат гласачите во сојузните држави.
„Обама верува дека влогот на овие избори не може да биде поголем, и затоа прави се што може за да им помогне на потпретседателот Харис, гувернерот Волц и Демократската партија да победат“, рече советникот на Обама, Ерик Шулц.
На митинзите на кои присуствуваше поранешниот претседател беа собрани 76 милиони долари за кампањата, објави кабинетот на Обама. Турнејата на Обама ќе започне во четврток во Питсбург.