Скандалот со шемата Конти покажува неколку работи:
1. Финансиската писменост е ниска.
2. Трката по материјалното е остра.
3. Сиромаштијата бара решение и често не бира средства.
4. Луѓето се склони кон неразумен ризик и лесно веруваат на муабет.
5. Многумина сакаат брзи и лесни пари и не мислат на изворот, начинот, ефектот.
6. Систем за заштита од разни онлајн измами нема.
7. Социјален доказ (види и тој прави така) како механизам и тоа како фунционира да продадеш идеја/продукт.
8. Фокусот е на глупости, наместо на создавање вредност (се кладам дека многумина ова го правеле и на работно место).
9. Фали едукација по низа основи.
10. Пак ќе се јави слична шема и пак ќе биде слично.