Измамена жена од Тетово: со изговор дека треба да размени девизи за да и плати, лицето излегло со производи и не се вратило

100-evra.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14.40 часот во СВР Тетово, 29 – годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице.


Според пријавеното, лицето влегло во продажниот објект каде што работела и одбрал производи за кои требал да плати 3050 денари. Како што е пријавено, со изговор дека има само девизи и дека треба да ги размени за да плати, лицето излегло со производите и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK