За еден осуденик државата плаќа над 10 илјади евра годишно или 2000 денари дневно, вели Пандов

2-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонските затвори се преполни, вкупно има 2400 затвореници , а уште приближно толку треба да влезат во затворите алармираше утринава директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов.


„Еден затвореник државата ја 10 илјади евра годишно, мора да се растеретат казнено поправните установи“, рече Пандов.

Тој посочи дека еден затвореник државата ја чини 2000 денари дневно.

Според него има неколку начини да се растеретат казнено поправните установи а тоа е преку условен прекин на казната, електричен надзор и подобра ресоцијализација на затворениците затоа што 60 проценти се повратници.

Паднов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.

-Ние ќе имаме супер нов притвор во самиот затвор Идризово, и главен – централен притвор во Македонија би бил во Идризово со над 400 кревети капацитет и би имале современ затворен дел кај што се најтешките казни каде што лежат затворениците над 10-15 години, односно и доживотно, имаме ние 50 доживотни казни во Македонија и се надевам дека до крајот на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ дека Идризово ќе биде веќе тоа се изградено и дека ќе биде сето тоа ставено во функција, изјави Пандов.

Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK