(Видео) Центарот на Будва под вода, Хрватска воведе итни мерки поради поплавите, во Подгорица автомобили едвај поминуваат низ вода

22-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според началникот на пожарникарската жупанија Дино Козлевац, противпожарните единици низ Истра имале 32 интервенции во изминатите 24 часа поради поплави. Пожарникарите интервенирале 13 пати само на подрачјето на Порече, додека девет интервенции имале на подрачјето на Пула, шест на подрачјето на Пазин и по една во Ровињ, Умаг, Лабин и Бузет.


-Пожарникарите најмногу интервенираа и излегоа на терен за да ги отстранат дрвјата што паднаа на коловозите поради силниот ветер, но имаа и пар интервенции за испумпување на водата. Во тие настани нема загинати, но причинета е материјална штета. Се на се, состојбата во моментов е поволна – рече Козлевац.

Во Карловац во седум часот утринава надминат е водостојот од 750 сантиметри и влезе во фаза на вонредни мерки за одбрана од поплави, а се зголемува за околу 10 сантиметри на час. Како што е најавено, нивото на водата ќе се зголемува до попладневните часови за кога се најавува врвот на водениот бран кој треба да надмине 800 сантиметри.

– Поради водата, затворени се патиштата во Бродарци, покрај Купа, Селац, Кобилиќ и Броѓани – соопштија локалните власти.

Поплави и во Подгорица

Силниот дожд што наврна синоќа во Подгорица предизвика поплави на неколку улици.

Најлошо е во Забјело, а на социјалните мрежи се објавени видеа од автомобили како едвај поминуваат низ поплавените улици.

Во Спуз се поплавени дворови на куќи, а низ целата земја е запален црвен метео аларм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Podgorički vremeplov (@podgoricki.vremeplov)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK