Најдобриот дефанзивец на Јувентус, Глисон Бремер (27) ја заврши сезоната поради скинати вкрстени лигаменти. Бразилскиот стопер се повреди во вчерашната победа на Јувентус против Лајпциг од 3:2 во второто коло од Лигата на шампионите, во шестата минута.
Тој го напушти теренот со помош на физиотерапевт, а по денешните прегледи беше констатирано дека е повреден и неговиот менискус.
Бремер пристигна во Јувентус во летото 2022 година од Торино за 46,9 милиони евра и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи на Јувентус.
Оваа сезона забележа осум настапи, одигра вкупно 637 минути. Според „Трансфермаркт“, тој вреди 60 милиони евра.