Полицијата му одредила притвор до 48 часа на одговорниот за одржување на базенот на Златибор каде се удави момчето (6).
Како што соопштија за Танјуг во Основното јавно обвинителство во Ужице, уапсениот се сомничи за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Шестгодишно момче на 1 октомври се удави во базен на хотел на Златибор.
На телото на момчето е наредена обдукција.