Правосудството одобри телото на Марадона да биде префрлено во мавзолејот

GettyImages-1016702318-bbc229bb439047958484b42fc7e20809.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентинското правосудство го одобри префрлањето на посмртните останки на Диего Марадона, кој почина во 2020 година, во идниот мавзолеј, на барање на неговите деца, кои сакаат да им олеснат на сите оние кои ќе сакаат да му одадат почит на „Идолот на Аргентина“.


Одлуката доаѓа во пресрет на почетокот на судењето на медицинска сестра, член на медицинскиот тим на Марадона, во врска со причините за неговата смрт и евентуалното лекарско невнимание.

Главниот претрес се води против седум лекари: неврохирург, општ лекар, лекар на клиника, психијатар, клинички психолог и главната сестра на медицинскиот персонал. Тоа судење, по неколку одложувања, ќе започне во март 2025 година.

Медицинската сестра Жизела Мадрид, која уште од самиот почеток изјави дека само ги следела упатствата на лекарот, доби можност да и се суди одделно.

Децата на Марадона сакаат посмртните останки на аргентинската фудбалска икона, која почива на приватни гробишта во Бела Виста, предградие на Буенос Аирес, да бидат преместени во централниот кварт и античкото пристаниште Мадеро.

На локацијата ќе има мавзолеј „Меморијал М10“ за „аргентинскиот народ и граѓаните на светот да можат да му оддадат почит на оној кој беше најголемиот идол на Аргентина“, велат децата на Марадона.

Објектот треба да биде готов во 2025 година, а засега не се познати други детали.

Марадона почина на 60-годишна возраст од кардио-респираторни проблеми на 25 ноември 2020 година. Почина во болницата каде се опоравуваше по неврохируршка процедура поради хематом во главата.

Судството тогаш соопшти дека се работи за „убиство од небрежност“, што е квалификација за невнимание на лице кое не било свесно дека може да дојде до смрт. За вакво дело е предвидена казна затвор од осум до 25 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK