За време на пропалестинските демонстрации во Берлин, Иран лансираше ракети кон Израел. Германските медиуми јавуваат дека толпата ракоплескала, навивала и извикувала „Алаху Акбар“.
„Ракети испукани кон Израел“, извикуваше еден човек, по што бројни демонстранти навиваа, а некои дури и ракоплескаа. Се слушаа и извици на „отпор“ и „Алаху Акбар“ (Господ е голем), пишува НТВ.
Es macht fassungslos, dass in einer Stadt, die so viel Schmerz und Leid aus der Geschichte gelernt haben sollte, Menschen offen Angriffe auf Juden feiern.#b0110
VIDEOQUELLE: https://t.co/RtnhBQVeI2 pic.twitter.com/xGCvAL0kvo
— Iman Sefati (@ISefati) October 2, 2024
Während Israel unter Raketenbeschuss steht, wird in Berlin die Hamas gefeiert, und die Berliner Polizei unternimmt nichts dagegen. Vielen Dank für den großartigen Einsatz @polizeiberlin @PolizeiBerlin_E #b0110 pic.twitter.com/nhiaGNLUPn
— Iman Sefati (@ISefati) October 1, 2024
Некои од учесниците на митингот вееја марами и палестински и либански знамиња.
Портпаролот на берлинската полиција, пренесоа германските медиуми, вчера изјавил дека информациите за скандирање „ниту може да ги потврди, ниту да ги демантира“. Средбите се одржаа на две локации.