Средношколец загина во судир на автомобилот што го возел и автобус на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија. Повредени се 36 лица, од кои четворица потешко.
Несреќата се случила утринава околу 7 часот и 30 минути на патот меѓу Инџија и Нови Сад.
Станува збор за автобус на редовна градска релација, кој, сепак, превезува и многу деца. Според неофицијални информации, младиот човек кој го управувал автомобилот е средношколецот Н.Ш. Повредени се вкупно 36 лица, од кои 27 се згрижени во болниците во Нови Сад, Белград и Сремска Митровица.
Во Клиничкиот центар во Војводина згрижени се 16 пациенти, од кои двајца се задржани на болничко лекување, седум се отпуштени на домашно лекување, а на уште седуммина им е дадена понатамошна дијагностика.