Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека Иран презема многу ризик и може да го разгори целиот регион.
Тој ги повика Техеран и Хезболах да ги прекинат нападите врз Израел.
Шолц рече дека Германија и нејзините партнери, исто така, ќе продолжат да работат на договор за прекин на огнот.
„Иран презема ризик, може да го разгори целиот регион. Тоа мора да се спречи по секоја цена. Хезболах и Иран мора веднаш да престанат да го напаѓаат Израел“, рече тој.
Борбите меѓу Израел и Хезболах продолжуваат утрово и покрај повиците за прекин на огнот од страна на ОН, САД и ЕУ.