Во 100 дена Мицкоски изврши брутална партизација на институциите, вели Филипче

sdsm-venko-filipce-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партиската книшка и лојалноста кон партијата беа предуслов за вработување во изминативе 100 дена од владината Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција, упати силна критика за владеењето на Христијан Мицкоски во првите 100 дена.


„Со право некои велат дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада. Наспроти ветувањата за мала, професионална државна администрација, добивме Влада со четири нови министерства и можност за стотици нови партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позиции за добро платени национални координатори и вдомување на партиските кадри. За прв пат се воведоа три нови заменици директори во Царина за да се задоволат партиските апетити на Максим Димитриевски и ВЛЕН“-рече Филипче на денешната прес-конференција.

Наместо департизирана, професионална и високо обучена администрација, во изминативе 100 дена добивме брутална партизација на институциите, без критериуми, без стручност, професионалност и соодветно образование.

„Ваква брутална партизација на главните органи на државата е најава за само едно, а тоа е огромен криминал преку овие институции! За 100 дена Влада дознавме дека Мерит системот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ всушност бил систем за партиски заслуги“-истакна Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK