Дваесет и петгодишна жена од Скопје пријавила дека на 27 септември околу 13.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од нејзиниот поранешен партнер А.Ф.(34) од Скопје.
Притоа, мажот искршил и дел од покуќнината.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во дневниот полициски билтен има уште неколку пријавени случаи на семејно насилство.
Денеска 34-годишна жена пријавила дека на 29 септември околу 18.00 часот во семејниот дом во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.К. од Скопје.
Истиот ден, 29-годишна жена пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот сопруг З.С.(34) од Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 31.08.2024 пред продажен објект во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата партнерка, при што и нанел телесна повреда, објави МВР.