(Фото) ВРЕДИ: 100 дена на нови политики и борба против старите навики

36038d0e-0bb3-4450-866b-f3a90774c1c0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска Коалицијата ВРЕДИ со слоганот “Преминуваме на дела“ први од Владината коалиција ги одбележаа 100-те дена на новата Влада, на настан на кој учествуваа лидерите, министрите, заменик-министрите, пратениците и останати вршители на високи должности и активисти.


Во својство на модератор, Заменикот премиер за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, ги истакна значајните достигнувања на коалицијата, вклучувајќи ги распределбата на 100 милиони евра за општините, зголемувањето на пензиите, борбата против коцкањето, создавањето 600 нови работни места за медицински специјализанти, како и формирањето на Албанската академија.

„ВРЕДИ не е само алтернатива на ДУИ, туку е канализиран револт што има за цел да донесе посакувани промени за Албанците. Ова е можност дадена од народот, и ние ќе ја одржиме оваа доверба со чест и одговорност,“ изјави Фетаи.

Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, потенцираше дека ВРЕДИ направи значителна разлика за овие 100 дена.

„Оние што не постигнаа ништо за 22 години, ние направивме разлика само за 100 дена,“ рече тој.

Приоритетите на ВРЕДИ за иднината вклучуваат реформи во јавната администрација, енергетска транзиција и развој на човечки капитал. Исто
така, Ибрахими ја објасни потребата од иницијативата за формирањето Албанската академија на науките како неопходен чекор за интегрирање на албанските интелектуалци и научната мисла.

Претседателот на Демократското движење и прв заменик-премиер, Изет Меџити, изјави дека ВРЕДИ претставува нов квалитет во политичкото претставување на Албанците.

„Ние сме лидери во Владата, а не во партиските канцеларии. Времето кога лидерите стоеја настрана од одговорноста за владините политики заврши. Сега, секој ден сме во нашите канцеларии, решавајќи ги проблемите на граѓаните,“ изјави тој.

Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, кој се вклучи преку видео врска од САД, истакна дека албанските граѓани конечно се ослободени од 22-годишната власт.

„Градиме иднина каде што моќта е во рацете на народот, а не во џебовите на корумпираните,“ рече Таравари, додавајќи дека Министерството за здравство сега функционира во служба на граѓаните, далеку од корупцијата.

Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, ја критикуваше ДУИ за нејзините неуспеси, особено во областа на
децентрализацијата. „ВРЕДИ е тука за да ги исправи неправдите и да обезбеди дека албанските општини ќе имаат вистинска децентрализација, а не празни ветувања,“ рече тој.

Говорниците потенцираа дека следува институционална борба за санкционирање на сите девијантни појави на минатата Влада и остануваат цврсто посветени на изградба на посветла иднина за сите Албанци во оваа земја, со чесен пристап, транспарентност и доследност кон исполнување на предизборните ветувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK