Фудбалерите на Осасуна ја шокираа Барселона и ја совладаа со резултат 4:2 (2:0) во натпреварот од 8.коло на шпанската Ла Лига.
Ова е прв пораз за Каталонците во Примера од почетокот на сезоната. Анте Будимир постигна два од четирите гола во историска ноќ за Осасуна. Тимот од Памплона по 12 години успеа да ја победи Барселона на домашен терен.
Тренерот на Барселона натпреварот го започна со комбиниран тим, без Јамал и Рафиња. Осасуна знаеше како да го казни тоа.
Будимир го постигна првиот во 18. минута по центаршутот на Брајан Сарагоса, а крилениот напаѓач 10 минути подоцна со мајсторски потег, како во мал фудбал го мина голманот Пења и зголеми на 2:0.
Барса продолжи да оди на се или ништо и во 53-та, по двете големи грешки во низа на голманот Серхио Ерера, успеа да ја преполови негативата преку Пау Виктор.
По тој гол Барселона уште повеќе притисна, но Осасуна покажа сила и успеа да ги префрли случувањата на спротивната страна од теренот.
Имаа домашните неколку опасни напади по крилните позиции, а во 72. минута добија пенал. Будимир беше сигурен и ја врати предноста од два гола. .
На пет минути пред крајот беше ставен крајот, бидејќи Бретонес постигна феноменален гол за огромни 4:1.
Поразот во 89. успеа да го ублажи Ламин Јамал со уште еден многу убав гол на овој меч.
Барса по максимални седум победи го доживеа првиот пораз во новата сезона. Тие ќе останат на првото место со 21 бод.
Осасуна собра 14 и моментално е на шестата позиција на табелата.