Македонија останува цврсто на определбата активно да учествува во промоција и зачувување на мирот и стабилноста во регионот. Како земја членка на НАТО алијансата овозможуваме континуиран придонес за зајакнување на глобалната и трансатлантска безбедност, потенцираше заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со својот колега од Унгарија, министерот за одбрана, Криштов -Залаи Бобровницки.
Билатералната средба што денеска се оддржа во Охрид е во рамки на официјалната посета од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи проемиерот Викот Орбан.
На средбата беше истакната одличната соработка во делот на одбраната меѓу двете земји, како значаен сегмент во остварување на целите на НАТО алијансата и обезбедување на мирот и безбедноста на глобано ниво.
Македонија активно учестува со регионалните иницијативи кои се од особена важност за меѓусебната соработка и дава значаен придонес за регионалниот развој, истакна заменик претседателот Николоски.
Притоа тој ја изрази цврстата заложба на Владата во остварување на реформските процеси во земјава и исполнување на критериумите за членство во Европската Унија.
“Билатералните односи со Унгарија се на одлично ниво, посетата на премиерот Орбан со министрите е само потврда на силната поддршка што ја овозможува Унгарија за Македонија во остварување на стартешките цели на земјата. Со колегите министри разговаравме за бројни политички и економски прашања, нови можности и соработки меѓу двете земји. Унгарија е наш долгогодишен пријател и партнер и поддршката што ја овозможува за нашиот европски пат е значајна во ова време и се надеваме дека периодот што следи ќе имаме нови заеднички иницијативи и соработки во различни области”- истакна по средбата заменик претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Двајцата соговорници се согласија за интензивирање на соработката во области од заеднички интерес за двете земји.