Кривична пријава за поранешен градоначалник оти правел улица која не била дел од годишната програма

ulica-mvr-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Б.Ш. поради злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти МВР.


„Пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 02.03.2021 година до 23.09.2021 година, ги пречекорил границите на своето службено постапување на начин што постапил спротивно на член III од Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта во општината за 2021 година. Имено, со средства од буџетот на општината пријавениот извршил изградба на крак од улица, која не била дел од годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта во општината“, велат од МВР.

На тој начин пријавениот, како што се додава, нанел штета на буџетот на општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK