Храната, намирниците и опремата со кои се подготвуваат оброците за АРМ се 100% исправни

ARM.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 25.09.2024 – Во врска со јавно искажаните шпекулации за реализацијата на Договорот за јавна набавка за исхрана на припадниците на АРМ, склучен помеѓу Министерство за одбрана на РСМ (како Договорен Орган) и “Далма Фоод и Кетеринг Сервис“ д.о.о. Скопје (како Носител на набавката), сакаме да ги информираме засегнатите страни и целокупната јавност дека во периодот од 12.09.2024 до 19.09.2024, надлежни Органи и Институции од нашата Држава извршија вонредна контрола на кујната во рамки на “Далма Фоод и Кетеринг Сервис“ д.о.о.e.л  Скопје каде се подготвува храната (оброците) за АРМ.

Од сите земени мостри од храна и намирници, резултатите покажуваат негативни наоди за постоење на било каква бактерија или друг вид причинител кој може да предизвика труење. Дополнително, во рамки на контролата земени се брисеви од опремата и од вработените кои се исто така негативни, во целост.



Тоа значи дека кујните, опремата и сé што е инволвирано во реализацијата на оваа Јавна Набавка е беспрекорно исправно, функционално и според пропишаните барања и стандарди утврдени за оваа Јавна Набавка.

Овие факти недвосмислено укажуваат дека реализацијата на Договорот за јавна набавка за исхрана на припадниците на АРМ, во целост се спроведува со почитување на сите правила и прописи утврдени за давање ваков вид услуга. Исто така, од сите досега направени записници и протоколи може единствено да се констатираа дека за време на реализацијата на овој Договор НЕМА НИТУ ЕДЕН случај со труење како резултат од работењето на “Далма Фоод и Кетеринг Сервис“ д.о.о. Скопје.

Како дополнително појаснување, “Далма Фоод и Кетеринг Сервис“ д.о.о. е.л Скопје секојдневно и редовно ја опслужува Армијата со подготвени оброци на 20 точки низ државата, сé во соодветни услови за таква намена при што, уредно се разменува соодветна документација со АРМ, како Договорен орган.

Истовремено, Армијата за свои потреби самостојно подготвува дел од дневните оброци (појадок и вечера) , кои потенцијално може да бидат причина за евентуално труење, а за кои “Далма Фоод и Кетеринг Сервис“ д.о.о. Скопје нема надлежност. Дополнително, Далма кетеринг нема никаква јурисдикција над кујните во касарните како и нивните услови за поделба. Истите се под целосна надлежност на АРМ.

Во оваа прилика ги повикуваме и ги охрабруваме сите надлежни Органи и Институции редовно да вршат целосен надзор во подготовката и послужувањето на храната за Војската на АРМ.

Однапред благодариме што ќе ја земете предвид оваа информација со што ќе дадете придонес во елиминирањето на јавно искажаните лаги и шпекулации за кои, “Далма Фоод и Кетеринг Сервис“ д.о.о.е.л Скопје ќе поднесе соодветни пријави.

 

Со почит,

“Далма Фоод и Кетеринг Сервис“ д.о.о.е.л Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK