Објавен Конкурсот за доделување на Општинската награда „Седми ноември“ на Општина Гевгелија за 2024 година

Coat_of_arms_of_Gevgelija_Municipality.svg_.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гевгелија го објави Конкурс за доделување на Општинската награда „Седми ноември“ што го распиша Комисијата за утврдување предлози согласно Одлуката за востановување и доделување на истата.

Наградата „Седми Ноември” на Општина Гевгелија се доделува на секои 5 години, на физички и правни лица како знак на признание на општина Гевгелија за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот, творештвото, што претставува посебен придонес за развојот на општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во државата и надвор од неа.



Наградата за значајни остварувања во областите наведени погоре се доделува на физички и правни лица- државјани на Република Северна Македонија, жители на општина Гевгелија, односно со седиште во општина Гевгелија доколку се работи за правни субјекти. По исклучок, заради посебен придонес кон напредокот и афирмацијата на општина Гевгелија, се доделува и на физички и правни лица надвор од општината.

Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период помеѓу две јубилејни одбележувања на општинскиот празник, како и за подолг изминат период (за животно дело) кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.

Конкурсот трае заклучно со 12.10.2024 година. Формулар за конкурирање за Наградата „Седми ноември“ на Општина Гевгелија може да се подигне во Општината или на веб-страницата на Општина Гевгелија (www.gevgelija.gov.mk).

Предлозите се поднесуваат по пошта или во Архивата во Општината, во два примерока, до Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „Седми ноември“, ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, Гевгелија.

Повеќе информации за Конкурсот на следниот линк: https://www.gevgelija.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK