(Видео) Мексиканска пејачка и актерка падна на ревија на модната недела во Париз: „Најдобриот момент од мојот живот“

Screenshot-2024-09-25-064949.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мексиканската пејачка и актерка Белинда Перегрин Шул (35) падна на модна ревија за време на модната недела во Париз. Белинда учествуваше на ревијата на L’Oreal Walk Your Worth и се сопна и заврши на подот на пистата.


View this post on Instagram

A post shared by Beli (@belindapop)

Пејачката Анита, која беше дел од ревијата, и пријде да и помогне и ја поттикна да ја одработи ревијата до крај.

Белинда подоцна се пошегува за себе на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Beli (@belindapop)

„Не е важно колку пати ќе паднеш, туку како ќе станеш. Ти благодарам Анита“, напиша таа.

Таа го спореди својот пад со падот на Кери Бредшо во серијата Сексот и градот, во епизодата The Real Me.

„Најдобриот момент во мојот живот иако не го замислував така“, се пошегува таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK