„Владата предводена од СДСМ не само што успешно менаџираше со здравствената криза предизвикана од Ковид – 19 туку успешно се справи и со економските последици кои ги предизвика. СДСМ вистински ги поддржуваше граѓаните и компаниите. На почетокот на Ковид-19 кризата, веднаш одговоривме со директни мерки за поддршка на секое работно место и нарушен бизнис и спасивме над 120.000 работни места“, реагира СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со неколку пакети и директни мерки ефикасно и успешно реализиравме помош од над 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор, а со дополнителните субвенции помошта за целата економија достигна 1,1 милијади евра или 10% од домашниот БДП.
Сите сегменти кои беа погодени од кризата беа опфатени.
А што правеше ВМРО-ДПМНЕ за време на Ковид кризата? Седеше на страна и опструираше, спроведуваше блокада на помошта за граѓаните и компаниите во македонското Собрание. Ништо друго.
Дури не се ни срамат денеска од тоа. Па шест години ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше изградба на Клинички центар, а претходно десет години ја лажеа јавноста дека ќе го изградат.
Зад таа лага со години сведочеше оградената парцела со лимени тараби. Не поминуваат овие лаги на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.