Јапонија соопшти дека нејзините борбени авиони употребиле проектили за првпат за да го предупредат рускиот извидувачки авион да го напушти нејзиниот воздушен простор, соопшти Министерството за одбрана во Токио, додека се зголемуваат тензиите поради зголемената руска и кинеска воена соработка во регионот.
Неоткриен број воени авиони Ф-15 и Ф-35 испукале предупредувачки истрели откако руски патролен авион II-38 ги игнорирал нивните радио предупредувања, изјави јапонскиот министер за одбрана Минору Кихара.
Кихара рече дека тоа е, исто така, првиот јавно објавен упад на руски авион во воздушниот простор од јуни 2019 година, кога бомбардер Ту-95 навлезе во јапонскиот воздушен простор над јужна Окинава и околу островот Изу, јужно од Токио.
Ова предизвика реакција на јапонското воено воздухопловство, кое ги подигна своите борбени авиони со задача да истрелаат сигнални ракети.
„Ова е првпат авионите на јапонското воздухопловство да испукаат предупредувачки ракети поради нарушување на националниот воздушен простор“, изјави владиниот портпарол Јошимаса Хајаши на прес-конференција.
Кихара рече дека јапонските авиони Ф15 и Ф35 го предупредиле рускиот авион преку радио пред да истрелаат сигнални ракети за време на третиот руски упад во воздушниот простор на Јапонија, пренесува агенцијата Кјодо.
Јапонската влада преку дипломатски канали испрати протестна нота до Русија и побара официјална Москва да спречи вакви инциденти.
Рускиот авион ИЛ-38 трипати прелетал над водите на Јапонското Море во периодот од 13 до 16 часот, соопшти јапонското Министерство за одбрана.