Зеленски: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

zelenski4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за „ABC News“.



И во оваа прилика Зеленски уште еднаш ги повика Вашингтон и другите партнери да продолжат да ја поддржуваат Украина, бидејќи како што рече првиот човек на Украина, „само силната позиција на Украина може да го охрабри рускиот претседател Путин да ја прекине војната“.

Зеленски во моментов престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ќе учествува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Украинскиот претседател ќе ја искористи оваа можност за бројни средби со светските лидери, а ќе разговара и со актуелните американски кандидати за нов претседател Камала Харис и Доналд Трамп.

„Уште еднаш ги повикувам сите наши сојузници да ни помогнат да постигнеме заедничка победа за вистински праведен мир“, рече Зеленски, по што се осврна на операцијата Курск.

„Путин многу се плаши од таа операција бидејќи неговите луѓе од неа видоа дека тој не може да ја брани целата своја територија“, заклучи Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK