Поларна мечка залутала на брегот на Исланд, полицијата ја убила

8-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата убила поларна мечка која била забележана пред куќа во село во Исланд, откако била оценета како закана, соопштија властите во петокот.



Мечката беше убиена во четвртокот попладне во северозападниот дел на Исланд, откако полицијата ја консултираше Агенцијата за животна средина, која одби да го премести животното, изјави началникот на полицијата во Вестфјорд, Хелги Џенсон за Асошиетед прес.

„Тоа не е нешто што сакаме да го правиме“, рече Џенсон, според Си-Ен-Ен. „Во овој случај, како што можете да видите на сликата, мечката била многу блиску до викендицата. Таму имаше една старица“.

Сопственичката, која била сама, била исплашена и се заклучила на катот додека мечката претура по нејзиното ѓубре, изјави Џенсон. Таа преку сателитска врска стапила во контакт со својата ќерка во Рејкјавик, главниот град на земјата и повикала помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK