Променливо облачно и релативно топло

soncevo_r43543543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во западните делови и особено од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.



 

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне кога ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови следува период на релативно топло време. Утре и во среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со постепен пораст на температурата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK