Обилни врнежи и поплави погодија делови од Англија и Велс предизвикувајќи прекин на сообраќајот и материјална штета.
Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија, а во некои области во текот на ноќта врнеше дожд како за еден месец, пренесуваат локални медиуми.
Footage of the flooding yesterday in Dunstable
📌 Bedfordshire | England 🏴 #floods #flooding #England #Dunstable
🎥 : @chrisrich88 pic.twitter.com/mvGKgMZ7fY— DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) September 23, 2024
На фудбалскиот терен на АФЦ Вимблдон во Лондон се појавила дупка, а итните служби примиле 350 повици поврзани со поплави.
Extensive flooding caused what looked like a ‘golf course’ on the pitch at the Cherry Red Records Stadium.
📌 London | England 🏴 #CarabaoCup #AFCWimbledon #Newcastle pic.twitter.com/p8ZFzowmaP
— DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) September 23, 2024
Локалните власти соопштија дека сите служби за итни случаи работат што е можно побрзо и дека ранливите луѓе се приоритет. Долгите врнежи од дожд се очекува да продолжат и во текот на утрешниот ден, што може да зафатат делови од Шкотска.
Жолто предупредување за дожд е во сила во поголемиот дел од Англија до крајот на денот, со исклучок на крајниот југозапад и делови од северна Англија и источен Велс. Заедно со врнежите најавен е и значително опаѓање на температурата, која поради северниот ветер ќе биде пониска од просечната за овој период од годината.
Десетици училишта низ Бедфордшир, Нортхемптоншир и Питерборо беа затворени во текот на денот. Некои најавија дека очекуваат утре повторно да можат да одржат настава. Но, се уште нема потврда за тоа, според написите на тамошните медиуми.
Многу патишта се сè уште непроодни, а од утрово не функционираат и некои железнички линии.