На Света Гора можен е земјотрес од 6 степени, сеизмолог ги советуваше населението и монасите да внимаваат

Sveta-Gora.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Професорот по сеизмологија, Костас Папазахос, оцени дека по серијата земјотреси што се случија во неделата на грчкиот полуостров Халкидики, чијшто епицентар беше на Света Гора, нема причина за загриженост и оти земјотреси од оваа јачина се секојдневна појава во Грција.


Сепак, тој посочи дека не е исклучена можноста од земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала и ги советуваше населението и монасите на Света Гора да бидат внимателни.

Папазахос и порталот „Халкидикињуз“ соопштија дека вчера имало „сеизмичка серија на локација која е стимулирана во последните неколку недели“ и оти оваа серија може да заврши по неколку месеци, но дека може да има и земјотрес што би надминувал 5,5 и да достигне блиску до 6 степени според Рихтеровата скала.

„Најблиските области како Уранополис, сè до Амуљани и Неа Рода и особено Света Гора треба да бидат внимателни и да не користат стари објекти“, додаде Папазахос.

Епицентарот на вчерашниот најсилен земјотрес од 4,2 степени според Рихтеровата скала бил на 19 километри од Неа Рода на Атос, а другите земјотреси од таа серија биле со јачина од 2,4 до 2,8 степени, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK