Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
„Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот“, рече Ердоган посочувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Газa, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Говорејќи на настан организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, Ердоган рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.