Капитенот на Барселона, Марк-Андре Тер-Штеген ја заврши сезоната 2024/25. Германецот се повреди во финишот на првото полувреме, против Виљареал, каде Барселона победи со 5:1.
Голманот на Барселона заработи тешка повреда на коленото, а според првите прогнози ќе отсуствува меѓу седум и девет месеци. Во најдобар случај би можел да се врати во финишот на сезоната.
Вечерва, Тер-Штеген незгодно се приземји по еден корнер, веднаш се фати за коленото, беше изнесен на носилки и набргу по натпреварот се потврдија лошите прогнози.
Работите да бидат уште полоши, тој е вториот играч за кого оваа сезона е завршена, претходно истото му се случи на младиот Марко Бернал. Тој против Рајо Ваљекано ги скина лигамнетите во коленото и ќе паузира околу 12 месеци.
Младиот Инаки Пења повторно ќе треба да го замени Тер-Штеген, што го направи пред точно една година, кога Германецот отсуствуваше два месеци.
Прашање е и дали Барселона ќе донесе нов голман во зимскиот преоден рок.