Во ноќта меѓу саботата и неделата група хулиганивлегла на стадионот на Партизан и ја уништииле подлогата. Утре, Партизан треба да ја пречека Црвена звезда во вечното дерби.
Како што пренесува „Телеграф.рс“, вработените кои се задолжени за одржување на теренот веднаш ги известиле сите служби на клубот, кои повикале полиција, а во текот на денот се очекува понатамошна истрага.
Се наведува дека група хулигани ги пробиле бравите на стадионот во Хумска, влегле и ја уништиле тревната површина. Хулиганите врлиле стакло и запалиле дел од теренот.
Се следат снимките од безбедносните камери за да се откријат сторителите на ова кривично дело, а клубот започна и вонредни мерки за санација на теренот.
Сите во клубот се надеваат дека надлежните брзо ќе ги најдат одговорните и дека во иднина ќе се спречат вакви инциденти.
View this post on Instagram