Ученик бил нападнат во основно училиште во скопската населба Карпош.
За случајот, полицијата ја алармирала мајката на нападнатото момче.
„А.А.(36) од Скопје, пријавила дека на 17.09.2024 околу 12.00 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.