Звонимир Бобан неодамна даде интервју за италијанска „Газета дело Спорт“ во кое изјави дека не знае каква е улогата на Златан Ибрахимовиќ во неговиот поранешен клуб Милан.
Ибрахимовиќ го посети студиото на „Скај Спортс“ пред натпреварот помеѓу Милан и Ливерпул (1:3) и му одговори на Бобан.
„Дури ни Бобан не знае која е мојата улога. Сега ќе објаснам. Мојата улога е едноставна, вклучува многу разговор. Јас сум одговорен, јас сум газда и сите работат за мене. Глувците не се внатре во тимот, тие се надвор од него“, изјави во свој стил Ибрахимовиќ.
Зборовите на Ибрахимовиќ ги коментираше и Фабио Капело, кој истакна дека мора да понесе и одговорност.
„Го проучував минатото кога го презедов тимот, но внесов и свои идеи. Мора да направите вино од грозјето што го берете. Во Милан би требало да прашаме кој е одговорен за трансфер стратегијата. Ибра рече дека тој е на чело, па мора и тој да има одредена одговорност“, рече Капело, а потоа продолжи:
Ако ја освоите титулата, треба да се надградувате на тие основи, а не да ги уништувате. Во изминатите години потпишаа многу офанзивни играчи, но каде се играчите од средниот ред и центарфорите кој ќе игра во шеснаесетникот?
Алваро Мората е многу различен од Оливие Жиру, затоа клубот и тренерот мора заедно да направат тактичка промена. Во Милан гледам 11 играчи расфрлани низ теренот, а не тим. Така беше и минатата сезона“, смета Капело.