Освојувачот на 20 Грен слем титули, Роџер Федерер го критикуваше Александар Зверев, велејќи дека Германецот мора да игра поофанзивно.
Зверев еден од најдобрите во својата генерација се уште нема освоено Грен слем титулата. Во кариерата два пати играше Грен слем финале, во Њујорк во 2020 загуби од Доминик Тим, а пред неколку месеци доживеа пораз од Карлос Алкараз на Ролан Гарос.
„Јас не сум негов тренер, па можам да зборувам отворено. Кога го гледам, гледам дека игра премногу пасивно. Тој е премногу дефанзивец во решавачките моменти. Тој е одличен во дефанзивата, но за да победи мора да најде начин да напаѓа. Ако го имплементира тоа во својата игра, може да постигне големи работи“, изјави Федерер и додаде:
„Кога играте против најдобрите во светот, треба да преземете иницијатива и да бидете офанзивни. Не го направи тоа против Фриц. Тој е одличен играч, но за да освоите Грен слем трофеј, треба да верувате во твоете удари, да напаѓаш. Мора со целото тело да верува, титулите нема сами да дојдат“.
Зверев има 27 години, во кариерата освои 22 титули и моментално е втор тенисер во светот.