Млада мајка и две деца се пронајдени мртви во езеро во Германија

Screenshot-2024-09-19-071000.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од езерото Теупиц во Бранденбург вчера беа извлечени мајка на 28 години и нејзините две деца на возраст од пет и две години, пишуваат германските медиуми. Денеска ќе биде извршена обдукцијата на нивните тела.


Истражителите се надеваат дека резултатите ќе дадат индиции за тоа што точно се случило. Како што наведува полицијата, според моменталната состојба на истрагата, нема индиции дека на настанот му претходело кривично дело насилство.

Märkische Allgemeine известува дека службите за итни случаи пронашле празна количка за играчки на работ од езерото.

„Околу 11 часот утрово случаен минувач забележал безживотно тело на жена во езерото. Телото на 28-годишната жена е извлечено и идентификувано. Знаевме дека мора да има две деца“, изјави портпаролот на полицијата во Котбус.

Подоцна биле пронајдени и телата на деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK