Полицијата наводно пронашла експлозив во автомобил во близина на местото каде што Доналд Трамп вечерва ќе одржи митинг на Лонг Ајленд, пишува „Дејли мејл“.
Извори од полицискиот оддел на округот Насау, наводно изјавиле за „One America News Network“ дека местото на собирот било „пробиено“.
¿TERCER INTENTO DE ASESINATO?
Las autoridades habrían descubierto explosivos en un vehículo cerca del lugar donde se celebraba un mitin del expresidente Donald Trump en Long Island, apenas horas antes de que hablara el día de hoy por la noche. pic.twitter.com/tAvGN6BYZ9
— Raymond K. Azar الله (@AzarMaidana) September 18, 2024
Полициските службеници изјавиле дека „нашле експлозивна направа во едно од возилата“.
После тоа, возачот побегнал во шумата.
„Никој не виде дали има нешто со него, само го видоа како бега. Сега таму се паркирани многу автомобили“, рекол изворот како што пренесуваат локалните медиуми.
Потсетуваат дека првиот обид за атентат врз Трамп беше на 13 јули годинава, кога поранешниот претседател беше ранет во увото.
Новиот аларм, според написите, дојде на само три дена откако осомничениот беше уапсен за обидот за атентат врз Трамп во неговиот голф клуб во Флорида.
Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека има „слабост“ во напорите да се заштити и дека долго време бара повеќе луѓе во неговиот безбедносен тим.
– Долго време бараме повеќе луѓе, повеќе мажи и жени, повеќе луѓе. Имаме митинзи од 50 до 60.000 (луѓе). Во Њу Џерси имавме 107.000 луѓе. Тоа е добра работа, но ви треба поголема заштита. И ние баравме повеќе луѓе долго време – изјави Трамп за „Фокс њуз“, два дена по вториот обид за атентат што се случи додека тој играше голф во Вест Палм Бич.
Вршителот на должноста директор на американската тајна служба, Роналд Роу Џуниор, во понеделникот им изјави на новинарите дека средствата за безбедноста на Трамп биле дополнително зголемени уште во јули, кога се случи првиот атентат.