„Бизнисот на задоволството“ почнува со прикажување во кината низ целата држава

biznisot-na-zadovolstvoto.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, од четврток 19 септември почнува да се прикажува во кино салите низ Македонија.


Македонската кинопремиера ќе стартува во „Синеплекс“ по што филмот ќе стане дел од редовниот репертоар за скопската публика. Од следната недела ќе се прикажува и во киното „Киноверзум“ во Кисела Вода.

На 19 септември проекции ќе има и во Домовите на културата во Пробиштип, Богданци и Свети Николе, како и во киното Мис Стон во Прилеп. Во сабота, 21.09 ќе стигне и во Домот на културата во Кочани, во присуство на дел од екипата.

Термините за другите градови ќе бидат дополнително објавени и можете да ги следите на Фејсбук страната на „Бизнисот на задоволството“.

Филмот во својата меѓународна фестивалска година заобиколи пет континенти, се закити со 32 селекции и доби 10 награди од кои пет за најдобар филм.

Трилерот на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK