Во кумановското средно училиште ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ”, започна првата фаза од проектните активности од Еразмус+ програмата, на тема: Патување низ три држави, вкрстување на култури, традиции и размена на искуства како последица од климатските промени во регионот на Европа.
Секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска примија претставници од средните училишта кои учествуваат во проектот, посакувајќи им пријатен претстој во земјава и успешна реализација на поставените цели.
Во проектот се вклучени ученици и наставници од три држави, Македонија, Унгарија и Турција, кои низ работилници, предавања, прошетки и организирани екскурзии (Скопје, Кањон Матка, Бислимска Клисура и пештерата Врело), во текот на една недела, ќе имаат можност да креираат и истражуваат во рамки на предвидените програмски задачи.
The post ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” Куманово – домаќин на проектот Еразмус+ first appeared on Општина Куманово.