Зошто Хезболах во 2024 користи пејџери

пејџер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осум лица загинаа, а речиси 2.750 се ранети – од кои 200 критично – во серија истовремени детонации на пејџери низ Либан, изјави министерот за здравство Фирас Абијад.



Жртвите на експлозиите се претежно членови на проиранскиот Хезболах. Во соопштението, таа милитантна група го обвини Израел за детонациите и наведе дека ќе биде „праведно казнет“.

Официјални лица изјавија дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах не е повреден во експлозиите.

Многумина се прашуваат зошто Хезболах во 2024 година користи пејџери.

Се чини дека групата го претпочита старомоден метод на комуникација токму поради фактот што не е најнова технологија. Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах претходно ги предупреди членовите на групата да не носат мобилни телефони бидејќи Израел може да ги користи за да ги следи нивните движења.

Од друга страна, пејџерите во теорија не претставуваат таков проблем.

„Хезболах беше многу внимателен со своите комуникации, свесен дека разговорите на мобилните телефони може лесно да се хакираат и надгледуваат – пејџерите се сметаат за lo-fi алтернатива и се потешки за инфилтрација“, пишува „Скај њуз“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK