ЕСМ: Лошата кондиција на производните капацитети е причина за набавка на електрична енергија

ЕВН-ЕСМ-и-ЕДС-во-трка-за-универзален-снабдувач-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЕСМ Продажба овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар, поради затекната состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост, објавија од компанијата.


„Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој период од годината заради лошото менаџирање на хидро ресурсите во изминатите неколку месеци. Набавката на електрична енергија, ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба рудниците и хидроакумулациите како и потребни сервисни активности на постројките со што ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во претстојната грејна сезона“, се наведува во информацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK