Денеска градоначалникот на општина Куманово Димитриевски оствари прва официјална средба со делегација на ЕУ, предводена од Еди Греиф, регионален советник за безбедност и антитероризам, во придружба на Христо Тончев, политички советник и Даница Стошевска, програм менаџер за внатрешни работи. На средбата присуствуваа и членови на Акцискиот тим во заедницата (АТЗ) – Александар Јовановиќ и Стефан Петковски од Општината. АТЗ е формиран во 2019 година и претставува соодветен пример на повеќе општини во Македонија, но и надвор од нејзините граници, за успешно функционирање.
На средбата се водеше дискусија за сите предизвици на денешницата, како и за тоа на кој начин општина Куманово се избори со проблемот на илегална миграција.
The post Делегација на ЕУ во посета на општина Куманово first appeared on Општина Куманово.