Рајан Весли Раут (58), кој беше уапсен поради безбедносен инцидент на Флорида што ФБИ го истражува како обид за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, има богато криминално минато и исклучиво ги поддржува демократските кандидати од 2019 година, јавуваат американските медиуми.
Според Њујорк пост, Раут, кој е од Северна Каролина, често објавувал коментари за политиката на социјалните мрежи, а во април на мрежата Х напишал дека „демократијата е на гласачкото ливче“ оваа година.
„Не можеме да загубиме“, напиша тој, повторувајќи ја реториката против Трамп, според весникот.
За Трамп рече дека го разочарал како претседател и дека „сака да ги направи робови Американците“.